НА 8 АПРИЛ ДОАЃА ЦЕЛОСНО ЗАТЕМНУВАЊЕ НА СОНЦЕТО Прогласена вонредна состојба во регионот на Нијагара
Рекордни милион постетители се очекува да присуствуваат на реткото целосно затемнување на Сонцето на канадската страна од популарните Нијагарини водопади.
Регионот на Нијагара во Канада прогласи вонредна состојба пред реткото целосно затемнување на Сонцето што ќе се случи на 8 април. Овој исклучително редок природен феномен се очекува да привлече толпа луѓе кон и околу популарните водопади.
Регионалниот претседател Џим Бредли прогласи вонредна состојба поради, како што рече, поголема претпазливост.
„Прогласувањето на вонредна состојба ги зајакнува алатките што регионот ги има на располагање за да го зачува здравјето и безбедноста на жителите и посетителите и да ја заштити нашата критична инфраструктура во секое сценарио што може да се појави“, се вели во соопштението за печатот од регионот Нијагара.
Водопадите, лоцирани долж границата меѓу Канада и САД, се на патот на затемнувањето, а многу луѓе однапред резервираат сместување и не штедат пари за да го искусат феноменот во едно од природните чуда на Северна Америка.
A #SolarEclipse is happening April 8 and #Niagara will be one of the best places in Canada to see it.
Learn about the eclipse and how to view it safely at https://t.co/MbAK1iP3vV. pic.twitter.com/P5N5FfAEbt
— Niagara Region (@NiagaraRegion) March 26, 2024
Градоначалникот на градот Нијагарини водопади во Онтарио, Џим Диодати, предвиде дека тие ќе имаат најголема посетеност што некогаш ја имале на канадската страна за затемнување на Сонцето. Диодати процени дека на затемнувањето на Сонцето ќе има околу еден милион луѓе, во споредба со 14-те милиони што обично ги посетуваат во текот на годината.
Регионот, исто така, ќе измени некои од своите програми и услуги и ќе затвори некои објекти за да го задржи сообраќајот надвор од патиштата на 8 април.