НА 78 ГОДИНИ Легендата на „Пинк Флојд“ се ожени по петти пат (ФОТО)

Музичарот претходно откри дека ја запознал Камила на една свирка. Таа била возачот на неговиот службен автомобил.

686

Музичарот Роџер Вотерс, легендата на групата „Пинк Флојд“, се пофали на социјалните мрежи дека се оженил со својата партнерка Камила Чавис. Тие славеле во Њујорк, на неговиот имот вреден 16,2 милиони долари.

За 78-годишниот Вотерс ова е петти брак.






„Пресреќен сум, конечно жената што ќе ја задржам“, напишал Роџер покрај фотографиите од венчавката.

Вотерс носел елегантен црн костум и бела кошула, додека Камила носела бела венчаница од тантела.

Музичарот претходно откри дека ја запознал Камила на една свирка. Таа била возачот на неговиот службен автомобил.

– Мојот телохранител седеше со неа напред и тие разговараа, додека јас бев на задното седиште. Но, нешто во неа ме привлече. Еден ден ја прашав дали некој ѝ рекол дека има убави јагодички коски – рекол Роџер претходно.

Музичарот претходно беше во брак со Лори Дурнинг, Џуди Трим, Каролин Кристи и Присила Филипс.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Waters (@rogerwaters)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини