НА 66 ГОДИНИ ПОЧИНА ГИТАРИСТОТ НА АТОМСКО СКЛОНИШТЕ Хрватската радио-водителка и актерка емотивно се збогуваше со својот татко

Музичкиот свет во регионот беше шокиран од веста за смртта на Ранко Сворцан, гитарист на пулскиот бенд „Атомско склониште“, кој почина на 66-годишна возраст. Од него се прости и неговата ќерка, радио-водителката и актерка Мануела Сворцан

150

Музичкиот свет во регионот беше шокиран од веста за смртта на Ранко Сворцан, почитуван гитарист и долгогодишен член на пулскиот бенд „Атомско склониште“, кој почина на 66-годишна возраст.
Сворцан се сметаше за еден од најважните гитаристи во Пула, а својата кариера ја започна во раните 1980-ти. Со текот на годините, тој свиреше во разни бендови како што се „Негатив“, „Монах“ и „Лилихип“, оставајќи препознатлив белег со својата музичка разновидност.

Скршена поради загубата на својот татко Ранко Сворцан, на социјалните мрежи се огласи и неговата ќерка, хрватската радио водителка и актерка Мануела Сворцан.






– Тато, колку многу луѓе те сакаа, би бил горд, свири најгласно досега… Не дека си ми татко, но секогаш ќе бидеш најдобриот гитарист досега, а јас сум најгорда што ми всади љубов кон музиката. Одмори се, ќе се видиме некогаш – напиша таа на Инстаграм.

 

Поврзани содржини