Мајк Хау, пејачот на бендот „Метал чрч“ (Metal Church), почина на 55-годишна возраст, во својот дом во Калифорнија.
„Со длабока тага мора да ја соопштиме смртта на нашиот брат, пријател и вистинска легенда на хеви метал музиката. Мајк Хау почина утрово. Не можеме со зборови да го опишеме она што го чувствуваме. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност и приватноста на Семејството Хау во ова најтешко време“, стои во соопштението на бендот.
Засега не е позната причината за смртта.
Легендата на хеви металот ја започна својата кариера во групата „Хелион“ пред да се приклучи на „Херетик“, формиран во 1986 година.
„Метал чрч“ е формирана во 1980 година, а Хау се приклучи на составот во 1988 година за нивниот трет албум „Blessing in Disguise“, којшто резултираше во една од нивните најпопуларни песни „Badlands“.