НА 500 КИЛОМЕТРИ ОД МОСКВА Русија распореди крстостувачки ракети на нуклеарен погон?

Аналитичар на истражувачката и аналитичка организација ЦНА прегледал сателитските снимки на Планет Лабс и идентификувал девет хоризонтални лансирни рампи во изградба на складиште за нуклеарни боеви глави кое се наоѓа на околу 500 километри северно од Москва.

1,263

Двајца американски истражувачи тврдат дека во Русија го откриле веројатното место на разместување на новите руски крстосувачки ракети на нуклеарен погон – 9М370 „буревестник“, јавува Ројтерс. Сателитски снимки на компанијата Планет лабс направени на 26 јули сугерираат дека на складиште за нуклеарни боеви глави кое се наоѓа на околу 500 километри северно од Москва се започнати градежни работи.

Според некои проценки, „буревестник“ би можел да има дострел од околу 23.000 километри.






Аналитичар на истражувачката и аналитичка организација ЦНА прегледал сателитските снимки на Планет Лабс и идентификувал девет хоризонтални лансирни рампи во изградба.

Тие се сместени во три одвоени групи, за да се заштитат од напади или да спречат случајна детонација во една од детонација на проектилите во другите групи.

За техничките детали на „буревестник“ малку се знае. Експертите проценуваат дека малата ракета на цврсто гориво би се лансирала со уфрлање воздух во моторот кој има минијатурен нуклеарен реактор. Во тој момент, од ракетата би излегол прегреан и веројатно радиоактивен воздух, за да обезбеди потисок.

Дали е „буревстник“ само политичко оружје на рускиот лидер Владимир Путин? Ракетата беше најавена во 2018 година. Тогаш Путин реч дека таа ќе лета ниско, со речиси неограничен дострел, непредвидлива траекторија и дека ќе биде непобедлива за сегашната и идната воздушна одбрана.

Распоредувањето на „буревестник“ не е забрането со договорот Нов СТАРТ, последниот руско-американски договор кој го ограничува распоредувањето на стратегиското нуклеарно оружје, кој истекува во февруари 2026 година.

Заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков кажа дека Русија ќе ги измени своите насоки за употреба на нуклеарно оружје, како одговор на, како што кажа, „западната ескалација во војната во Украина“, пренесува ТАСС.

📸 „ЛЕТЕЧКИОТ ЧЕРНОБИЛ“ ЌЕ ПОЛЕТА ЗА 71. РОДЕНДЕН НА ПУТИН? Ракетата останува во воздух со недели, а имала 13 неуспешни тестови

 

 

 

Поврзани содржини