НА 5 ЈУНИ ЌЕ БИДЕ СЀ ГОТОВО! Формалности ја делат ПОА од интеграција во МПЦ-ОА

Добри вести доаѓаат од Белград каде што деновиве се одржува Соборот на Српската православна црква (СПЦ).

1,038

Како што дознава Плусинфо од извори во СПЦ, само неколку формалности ја делат Православната охридска архиепископија (ПОА) од целосна интеграција во Македонската православна црква (МПЦ-ОА).

Имено, владиците од ПОА денеска добиле отпуст кој треба да стапи на сила за време на првата заедничка литургија во Скопје или во Охрид на 5 јуни, вториот ден на празникот Педесетница (Духовден).






Како што и претходно објавивме, архиепископот охридски и митрополит скопски г.г. Јован од ПОА наводно ја прифатил титулата митрополит крушевско-демирхисарски во МПЦ-ОА, но засега сѐ уште не е познато дали тој ќе ја задржи и титулата „поранешен архиепископ“.

Според нашите извори од Белград, актуелниот епископ брегалнички г. Марко од ПОА најверојатно ќе биде епископ делчевско-каменички во МПЦ-ОА, а актуелниот епископ полошко-кумановски г. Јоаким ќе биде епископ илинденско-дељадровски во МПЦ-ОА.

Единствениот викарен владика во ПОА, епископот стобиски г. Давид, најверојстно ќе си остане викарен владика и во МПЦ-ОА, односно ќе му биде помошник на архиепископот г.г. Стефан. Неговата титула засега сѐ уште не е одредена, бидејќи во МПЦ-ОА веќе има еден епископ стобиски, г. Јаков.

Поврзани содржини