НА 34 ГОДИНИ ПОЧИНА ПОЗНАТАТА АКТЕРКА Ја пронашле мртва во нејзиниот дом
Миранда била пронајдена во нејзиниот дом во Мелбурн, пишуваат локалните медиуми.
Актерката Миранда Фрајер, која како дете глумеше во популарната австралиска серија „Соседи“, починала на 34-годишна возраст.
Миранда била пронајдена во нејзиниот дом во Мелбурн, пишуваат локалните медиуми. Причината за смртта сѐ уште не е официјално утврдена, но членовите на нејзиното семејство велат дека таа имала проблеми со срцето и дека починала во сон.
„Ова што се случи беше сосема неочекувано, сè уште не знаеме со сигурност која е причината, но со оглед на нашата семејна историја, се чини дека нејзиното срце откажало за време на спиењето. Таа мирно замина“, напишал нејзиниот брат Џереми на Фејсбук.
Во 1989 година, на само 18 месеци, Миранда ја добила улогата на Скај, ќерката на ТВ-ликовите Џо Мегел и Кери Бишоп. Таа улога ја играла три години.
ФОТО: Фејсбук