НА 2 ОТСТО СЕ ИСКАЧИ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА ВО ЕУ Европската централна банка за годинава очекува инфлацијата од 8,4 отсто
Банката соопшти и дека од почетокот на март 2023 година ќе почне да го намалува билансот на состојба во просек за 15 милијарди евра месечно до крајот на вториот квартал од 2023 година.
Европската централна банка (ЕЦБ) ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 отсто на 2 отсто, а за инфлацијата очкува да достигне 8,4 отсто.
Според проценките на ЕЦБ, инфлацијата во 2023 година треба да изнесува 6,3 отсто, во 2024 година, 3,4 отсто и 2,3 отсто во 2025 година.
Централната банка, исто така, соопшти дека пргнозира дека инфлацијата ќе остане над целта од 2 отсто до 2025 година.
Банката соопшти и дека од почетокот на март 2023 година ќе почне да го намалува билансот на состојба во просек за 15 милијарди евра месечно до крајот на вториот квартал од 2023 година.
ЕЦБ објави дека ќе објави повеќе детали за намалувањето на нејзината програма за купување обврзници (АПП) во февруари и редовно ќе го оценува темпото на намалување на билансот на состојба за да се осигура дека е во согласност со нејзината стратегија за монетарната политика.