НА 14 ГОДИНИ БИЛА СЕКСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАНА Вечна соперничка ѝ е Дуа Липа, Приштина ја заменила со Лондон

Рита Сахачиу Ора е родена во Приштина на 26 ноември 1990 година. Кога имала само една година нејзиното семејство се преселило во западен Лондон.

2,982

Популарната британска пејачка со албански корени Рита Ора привлекува големо внимание во јавноста веќе подолго време, што и не чуди, бидјеќи нејзиното име се појавува на сите топ-листи, а секоја објава на Инстаграм добива лавина реакција.

Рита Сахачиу Ора е родена во Приштина на 26 ноември 1990 година. Кога имала само една година нејзиното семејство се преселило во западен Лондон.






Нејзината мајка Вера, со католичка вероисповед, работела во Косово како психијатар, а нејзиниот татко бил сопственик на кафуле во Приштина. По вероисповед нејзиниот татко е муслиман. Нејзиниот дедо Бесим Сахачиу бил театарски и филмски режисер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)


Кога започнала војната во Косово во 1998 година, како што рекла самата, станала бегалка.

„Зборот „бегалка“ со себе носи многу предрасуди, но истовремено ни беше мотивација да преживееме. Ние четворицата имавме една спална соба. Од прозорецот можев да ги видам гробиштата Бромптон. Морничаво“, раскажала Ора во една прилика.

И покрај се, открила и дека на Косово имала подобро детство отколку во Британија. При нејзиното доаѓање во Британија, таа и нејзината сестра Елена биле одвоени од родителите додека не им биле средени документите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)


Музичката кариера ја започнала во 2007 година, а две години подоцна се пријавила за претставничка на Обединетото Кралство за Песна на Евровизија, но набрзо се откажала од натпреварувањето.

Дебитантскиот студиски албум „Ора“ го објавила во 2012 година, а албумот дебитираше на врвот на британските листи на албуми, а нејзините хитови „How We Do (Party)“ и „R.I.P.“ стасаа на врвот на топ-листите.

Кога дошла на Косово за време на снимањето на спотот за песната „Shine Ya Light“, мештаните ѝприредиле неверојатен пречек. Во една прилика рекла: „Тогаш се чувствував како принцеза“.

Моден и музички идол ѝ е Гвен Стефани, додека Дуа Липа ѝ ја одзела позицијата на заштитно лице на „Адидас“.

Дуа и Рита живееле во западен Лондон за време на школувањето. Иако нивното ривалство започнало пред успехот на Липа, нивниот однос се влошил во последните неколку години со оглед на тоа дека и двете се борат за врвот на поп-сцената.

Поранешното момче на Рита, славниот диџер Калвин Харис, и забранил да ги изведува песните коишто заедно ги напишале, а потоа со Дуа Липа го издал хит-синглот „One Kiss this year“.

Во својата биографија открила и детали за романсата со 26-годишниот маж, со кој во врска се впуштила кога имала само 14 години. Таа вели дека тој сексуално ја злоставувал, но дека не се смета за жртва, бидејќи тоа сама го барала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RITA ORA (@ritaora)


Пред двајцата да се прослават, Рита била во врска со пејачот Бруно Марс. Таа вели дека тоа била „љубов на прв поглед“. Признала дека и принцот Хари го смета за многу атрактивен маж.

Вели дека не ги сака високите потпетици и дека не настапува во ни: „Не би можела да настапувам во чевли со високи потпетици. Веројатно би паднала. Јас сум како некое момче, за мене постојат само патики кога сум на сцената“.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини