📷 „НА 12 ГОДИНИ ИЗГЛЕДА КАКО 40-ГОДИШНА ЖЕНА“ Ќерката на Ким Кардашијан драстично го сменила изгледот

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан го прослави 12-тиот роденден на ќерката Норт, која ја доби во бракот со контроверзниот рапер Канје Вест.

949

Американската старлета Ким Кардашијан ѝ приреди на ќерката Норт Вест луксузна забава за 12-ти роденден носејќи ја на патување во Мексико, а оттаму, секако, го привлекоа вниманието на сите.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан го прослави 12-тиот роденден на ќерката Норт, која ја доби во бракот со контроверзниот рапер Канје Вест.






Мајката и ќерката отпатуваа во Лос Кабос, Мексико каде што уживаа на јахта, а и покрај Ким, малата Норт успеа да ги привлече сите погледи кон себе, што веќе се случуваше кога стануваше збор за нејзините модни избори.

Овој пат, малата Норт ја обоила косата во светло сина боја, што е доста смела трансформација за некој на нејзини години, а избрала и топ и бермуди во иста боја, кои ги комбинираше со ефектен накит.

 


Како и обично кога станува збор за членовите на семејствата Кардашијан или Вест, овие фотографии не добија позитивни коментари, а овој пат Норт е таа што е на удар поради својот изглед.

Луѓето најмногу коментирале дека со овој имиџ Норт изгледа мошне постаро од годините.

„Норт Вест (12) изгледа како 40-годишна тетка“, „Изгледа како тетка“, „Ким изгледа помладо од неа“, „Само 12-ти роденден, а изгледа како веќе да проживеала половина од својот живот“, се некои од коментарите.

Поврзани содржини