НА 12 ДЕКЕМВРИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ КОНГРЕС НА ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ужива најголема доверба во партијата
Кандидат за нов партиски лидер може да биде секој што ќе добие поддршка од 30 делегати на Конгресот, а актуелниот претседател Христијан Мицкоски ужива апсолутна доверба во партијата, особено по големата победа на локалните избори, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на 12 декември во Скопје ќе одржи Конгрес на кој ќе се избира лидер на партијата, соопшти вечерва потпретседателот на партијата, Александар Николоски, и посочи дека таквата одлука била донесена на вечерашниот Извршен комитет.
– Кандидат за нов партиски лидер може да биде секој што ќе добие поддршка од 30 делегати на Конгресот, а актуелниот претседател Христијан Мицкоски ужива апсолутна доверба во партијата, особено по големата победа на локалните избори. Тој ја има и мојата лична поддршка – изјави Николоски.
Претходно, и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, истакна дека на претстојниот Конгрес ќе се трасира патот на идното делување и политиките на партијата во насока на обезбедувањето нова иднина за сите луѓе во Македонија.