НА 11 ОКТОМВРИ ЌЕ ГО „ЖНЕАТ“ ГНЕВОТ НА БЛОКАДИ Производителите на ориз на протести  

Тие од годинешната реколта ќе натрупаат само нови долгови – откупната цена е за 2 денари пониска од производствената.

144

Жетвата на оризот годинава започна со најава на протест, кој ќе се одржи во вторник. Производителите на ориза се незадоволни од откупната цена, која се движи од 22 до 25 денари за килограм и е за 2 денари пониска од производствената цена.

Иако субвенциите се зголемени и се најавени други мерки, земјоделците се жалат дека со помошта од државата не можат да ги покријат ниту трошоците за жетвата. Тие од годинешната реколта ќе натрупаат само нови долгови.






Комбајните сепак влегоа во нивите, а жетвата почна. Родот е просечен.

Во вторник на 11 октомври, кочанските оризопроизводители со комбајните ќе ги блокираат патиштата на четири локации.

 

Поврзани содржини