На 1 јули Германија го презема претседателство на Европската унија

412

Германската канцеларка Ангела Меркел утре ќе ја објави политиката што Берлин ќе ја спроведе за време на претседателството со Европската унија, што го презема на 1 јули.

Меркел ќе зборува на интернет-дискусија за „Надворешна и безбедносна политика за време на германското претседателство на Европскиот совет“, организирана од германската фондација „Конрад Аденауер“.






Покрај Меркел, на трибината ќе говорат и поранешниот претседател на германскиот Бундестаг и сегашен претседател на фондацијата „Конрад Аденауер“, Норберт Ламерт, францускиот амбасадор во Германија, Ана-Мари Декорис, директорот на Институтот за кинески студии, Мико Хуотари, како и заменик претседателот на парламентарната група на владејачката германска коалиција ЦДУ/ЦСУ, Јохан Вадефул.

На 1 јули, Германија го презема шестмесечното претседателство на Европската унија од Хрватска.

Поврзани содржини