„НЀ СОВЕТУВАА ДА НЕ СЕ ВРАЌАМЕ ВО ХОТЕЛОТ“ Ѓоковиќ беше близу до хаосот во Париз

„Во одреден момент, сè почна да излегува од контрола. Иако, од друга страна, можете да разберете - луѓето беа воодушевени. За прв пат градот ја освои Лигата на шампионите. Ова е еден од најважните градови во светот. Сите славеа“, рече Ѓоковиќ на вчерашната прес-конференција.

2,378

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ проговори за нередите во Париз кои се случија по победата на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите.

– Сакам да му се заблагодарам на шефот на обезбедувањето, кој не е тука, но тој беше неверојатен, како и целиот негов тим. Во одреден момент ситуацијата стана доста напната, па дури нè советуваа да не се враќаме во хотелот. Тие рекоа можеби треба да најдеме место во близина и да преноќиме таму. Затоа што веќе беше по полноќ и по улиците се случуваа опасни работи – гасни бомби, запалени автомобили… Сето тоа се случуваше токму околу нашиот хотел, кој се наоѓа во близина на Триумфалната капија. Во одреден момент, сè почна да излегува од контрола. Иако, од друга страна, можете да разберете – луѓето беа воодушевени. За прв пат градот ја освои Лигата на шампионите. Ова е еден од најважните градови во светот. Сите славеа – рече Ѓоковиќ на вчерашната прес-конференција.






Ѓоковиќ го совлада Британецот Камерон Нори во четвртото коло на Ролан Гарос (6:2, 6:3, 6:2).

Во четвртфиналето Србинот утре ќе се соочи со Германецот Александар Зверев.

Поврзани содржини