НЀ ОЧЕКУВААТ ПЕТ ДО ДЕСЕТ ТЕШКИ ЗИМИ Белгискиот премиер дава песимистички прогнози

Ризикот од зголемување на инфлацијата е висок, особено во случај на целосен прекин на снабдувањето со гас од Русија – оценува во својата анализа Будестбанк.

266

Белгискиот премиер Александер Де Кро предупреди дека Европа ја очекуваат пет до 10 тешки зими.

– Наредните пет до 10 зими ќе бидат тешки. Бројни сектори  тешко се справуваат тсо високите цени на енергенсите. Внимателно го следиме тоа, но мора да бидеме транспарентни. Месеците кои доаѓаат ќе бидат тешки, зимите кои доаѓаат ќе бидат тешки – рече Де Кро.






Претходно руската гасна компанија „Газпром“ соопшти дека испораките на рускиот гас во Европа преку гасоводот Северен тек 1 ќе бидат прекинати на три дена, од 31. август до 2. септември, поради редовно техничко одржување на мрежата.

Русија ја намали испораката на гас во Европа поради западните санкции воведени против неа поради војната во Украина, од една страна поради неможноста да се вратат турбините од ремонти во западните земји, а и поради санкциите врз нејзиниот финансиски сектор и одбивањето на некои земји да плаќаат во рубљи.

 

 

фото: EPA/PAVLO PALAMARCHUK

– Вкупно стапката на инфлацијата есенва би можело да достигне 10 отсто. Ризикот од зголемување на инфлацијата е висок, особено во случај на целосен прекин на снабдувањето со гас од Русија. Тоа го зголемува ризикот од брзо зголемување на платите, особено имајќи ја превид рекордно ниската невработеност, што би можело да го продолжи период на висока инфлација низ спиралата на растот на платите и цените – оцени Бундестбанк.

Поврзани содржини