НЀ ОЧЕКУВА ЖЕЖОК ДЕН Сонце, топло и можни попладневни грмежи
Утре нѐ очекува вистински летен ден со високи температури, но и можност за краткотрајна нестабилност попладне.
Утре времето во земјава ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови постојат услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во делови од внатрешноста.
Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 21°C, а максимумот од 32 до 39°C.
Метеоролозите за петок најавуваат сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 20°C, а максималната од 28 до 38°C.