НЀ ОЧЕКУВА МАЛА ПРОЛЕТ СРЕД ФЕВРУАРИ Славчо Попоски прогнозира натпросечно високи температури до крајот на неделата

Уште повисоки температури преку ден, значително над просекот за овој период од годината, се очекуваат во петок, како и за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот дури од 11 до 19 степени.

656

Под влијание на висок воздушен притисок, до самиот крај на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и претежно сончево. Ќе биде и сè потопло со сè повисоки минимални и максимални температури на воздухот. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, прогнозирар познатиот метеоролог Славчо Попоски.

Уште повисоки температури преку ден, значително над просекот за овој период од годината, се очекуваат во петок, како и за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот дури од 11 до 19 степени.






Истите ќе бидат пролетни и ќе условат забрзано топење на снежната покривка на планините и на скијачките центри.

Во Скопје и околината ќе продолжи стабилното, суво и сончево време. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и 1 степен, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 16 степени, и истите ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината.

Поврзани содржини