НЀ ОЧЕКУВА ЦУНАМИ ОД НОВОЗАБОЛЕНИ Делта и омикрон се многу опасна комбинација
Првиот човек на СЗО појасни дека двата соја претставуваат и двојна закана за здравјето на луѓето, што може да доведе и до поголем број на хоспитализирани и на починати лица.
Истовремената циркулација на варијантите делта и омикрон на коронавирусот ќе доведе до „цунами“ на новозабоелни од ковид-19, открива генералниот директор на Светската здравствена организација(СЗО), Тедрос Аданом Гебрејејус.
Тој појасни дека двата соја претставуваат и двојна закана за здравјето на луѓето, што може да доведе и до поголем број на хоспитализирани и на починати лица.
Гебрејејус го повтори апелот испратен до развиените земји, повикувајќи ги праведна распределба на вакцините, кои во многу мал број пристигнуваат кај државите од неразвиените региони на светот.
Директорот посочи и дека планот на САЗО е до средината на 2022 година, 70 отсто од светската популација да биде вакцинирана со две дози.
Од прогласувањето на пандемијата, во светот се пријавени 281 милион заразени, а повеќе од пет милиони починати лица.