НЀ ЧЕКААТ ПЕТ ДО ДЕСЕТ УЖАСНИ ЗИМИ Европа во трка да ги замрзне цените на струјата и гасот пред сезоната

Дека замрзнување на цените на струјата во ЕУ мора да има вели и австрискиот канцелар Карл Нехамер според кого „мораме да го сопреме ова лудило на енергетските пазари“. Нехамер исто така предложил да се разделат цените за струјата и за гасот.

3,224

Следните пет до десет зими ќе бидат ужасни ако не преземеме ништо, предупредува белгиската министерка за енергетика, а на сличен став се и други челници во Европската унија. Мораме да делуваме на европско ниво и да работиме на замрзнување на цената на гасот, истакнала Тине Ван дер Страетен на Твитер, пишува Би-Би-Си.

Дека замрзнување на цените на струјата во ЕУ мора да има вели и австрискиот канцелар Карл Нехамер според кого „мораме да го сопреме ова лудило на енергетските пазари“. Нехамер исто така предложил да се разделат цените за струјата и за гасот.






– Не можеме да дозволиме Путин секој ден да ја одредува европската цена на електричната енергија – додал тој.

Истовремено, претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен од Бледското Езеро во Словенија рече дека ЕУ работи на ова „итно замрзнување“. Неодамна, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев се пошегува дека зимава единствениот човек во Германија кој ќе може пристојно да се истушира, а да не штеди вода е канцеларот Олаф Шолц.

Германија, најголем увозник на руски гас во 2020-та година, настојува да ги зголеми своите резерви на гас пред зимата и покрај тоа што Русија ја намали испораката. Целта е да се наполнат складиштата за гас до 85 отсто во ноември. Намалувањето на греењето на климите за неколку степени е една од мерките за штедење, заедно со препораките за намалено туширање.

Во Франција луѓето масовно купуваат печки на дрва и пакети со пелети.

 

 

Поврзани содржини