МЗТ Скопје по десетти пат го освои Купот на Македонија
Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат веќе во среда кога се играат првите четвртфинални средби од плејофот.
МЗТ Скопје со 77-69 го победи вечниот ривал Работнички во финалето и по десетти пат го освои Купот на Македонија кој од оваа година го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“.
МЗТ Скопје беше подобриот тим во финалето кое се одржа во СРЦ „Кале“, „металците“ водеа во текот на целиот меч и на крајот заслужено се радуваат на големиот трофеј.
Во финишот од мечот Работнички успеа да се доближи до четири негатива, но МЗТ Скопје во последните минути беше поприсебен и не дозволи да го загуби водството, на крајот славеше со 77-69.
Најдобар во составот на МЗТ Скопје беше Дамјан Стојановски со 19 поени, тој беше прогласен и за МВП, Крстевски постигна 16, Гравет и Олуџоби по 13. Кај Работнички најдобар беше Аска со 20 поени, Питс постигна 13.
Возбудувањата во македонската кошарка продолжуваат веќе во среда кога се играат првите четвртфинални средби од плејофот.