МЗТ СКОПЈЕ ГО ПОБЕДИ РАБОТНИЧКИ Дербито со прекин поради навивачките пресметки

Натпреварот пред почетокот на втората четвртина беше во 20-минутен прекин поради фрлање на теренот тврди предмети и пиротехнички средства од двете навивачи групи.

474

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром славеа во дербито против  Работнички со 73:59. Сѐ уште најтрофејниот Работнички е во серија од девет последователни порази од „аеродромци“, воедно три години нема победа на домашен терен.

фото:МИА





Само во првата четвртина на дербито во СРЦ „Кале“ беше нерешено (14:14), а потоа гостите доминираа. Постепено ја зголемуваа предност која во еден момент изнесуваше 19 поени. Работнички и покрај обидите на успеа да фати резултатски приклучок.

Најефикасни во МЗТ Скопје беа капитенот Дамјан Стојановски со 17 поени и Душан Танасковиќ со 16. Во поразениот тим се истакна Квентон Декоси со 17 поени.

Натпреварот пред почетокот на втората четвртина беше во 20-минутен прекин поради фрлање на теренот тврди предмети и пиротехнички средства од двете навивачи групи.

фото: МИА

Покрај дербито, вечерва се одигра уште еден натпревар од 4. коло во Првата лига. Досега непоразениот Еуро Никел, на свој терен загуби од Пелистер со 66:60.

Сега на врвот на табелата се Еуро Никел, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ со по три победи и еден пораз.

Поврзани содржини
na