МЗТ СКОПЈЕ ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ ВО МАКЕДОНСКИОТ КУП Најдобар играч беше Мек Смит Мексвејн
Финалето се одигра пред околу 3.500 гледачи кои направија извонредна атмосфера.
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш покажаа дека немаат конкурент во македонската кошарка. Тие вечерва во финалето на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово го совладаа истоимениот домашен тим со 96:70.
Аеродромци ја освоија својата 14-та куп-титула и четврта по ред, додека Куманово остана без трофеј и по своето второ финале.
Најдобар играч на натпреварот беше Мек Смит Мексвејн со 23 поени. Тој го доби признанието МВП.
Во победничкиот тим се истакнаа и Гил со 17 поени, Магдевски со 12, Танасковиќ имаше двоен број на поени и скокови – по десет.
Луковиќ заврши со 13 поени (и седум скока). Ист број на реализации за МКК Куманово дојдоа од Ѓуроски кој имаше и четири скока, додека Митевски додаде 13 поени (три скока и две асистенции).
Тимот на Куманово беше немоќен да направи нешто повеќе, а очигледен беше заморот кај играчите од двете напорни средби во четвртфиналето со Пелистер и во полуфиналето со ТФТ.
Финалето се одигра пред околу 3.500 гледачи кои направија извонредна атмосфера.
Куманово се покажа како одличен организатор на купот.