МЗТ ПОТКЛЕКНА ВО ПРОДОЛЖЕНИЕТО Аеродромци не успеаја со титула да го крунисаат пласманот во АБА лигата

Избраниците на тренерот Александар Петровиќ не го искористија последниот напад за победа, откако претходно успеаја да ја анулираат предноста на гостите од Србија која на моменти изнесуваше и 20 поени.

238

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром вечерва во СЦ „Јане Сандански“ загубија од Златибор во финалниот натпревар на завршниот турнир во регионалната АБА 2 лига.

Натпреварот беше решен по продолжение од пет минути, откако основните 40 завршија нерешено 72:72.






Избраниците на тренерот Александар Петровиќ не го искористија последниот напад за победа, откако претходно успеаја да ја анулираат предноста на гостите од Србија која на моменти изнесуваше и 20 поени.

И покрај поразот во финалето, МЗТ Скопје го обезбеди враќањето во јадранската елита, додека Златибор ќе игра бараж со најслабопласираниот српски тим во АБА 1.

Најефикасен играч на натпреварот и најзаслужен за триумфот на Златибор ни во победничкиот тим беше Душан Кутлешиќ со 35 пени.

Во поразениот тим Војдан Стојановски постигна 14 поени.

Поврзани содржини