МЗД: Собранието да избере професионални и независни членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Мрежата бара Собранието при изборот да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово-балансирано учество.

302

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието да започне транспаретна и отчетна постапка за избор на професионални, искусни и непартиски лица за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) кои ги исполнуваат условите согласно член 17 од Законот за спречување и заштита од дискриминација.

– Бараме од Собранието во најбрз можен рок по завршување на огласот да спроеведе јавна расправа на која ќе се претстават кандидатите за членови на КСЗД, додека здруженијата, медиумите и другите заинтересирани страни ќе имаат можност да им поставуваат прашања на кандидатите и да дискутираат по нивниот избор. Оттука, бараме Собранието да ги објавуви биографиите на пријавените кандидати на веб-страницата на Собранието на РСМ, во рок од минимум седум дена пред одржување на јавната расправа; емитување во живо на собранискиот ТВ-канал на јавната расправа, односно сослушувањето/интервјуирањето на кандидатите пријавени на огласот – велат од Мрежата.






Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието при изборот да се применуваат принципите за соодветна застапеност на сите општествени групи, начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците и родово-балансирано учество и избор на лица кои на ниту еден начин не се поврзани со политичките партии.

– Истакнуваме дека независна Комисијата за спречување и заштита од дискриминација претставува предуслов за обезбедување на правна сигурност на граѓаните и меѓународен стандард во заштитата од дискриминација согласно меѓународните пропишаните критериуми за национални институции – велат од МЗД.

Поврзани содржини