МЗ: Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје

Оттаму  апелираат да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции и посочуваат дека Министерството е на располагање за одговор на секое прашање во кое било време.

328

Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои дојдоа во поддршка на локалните здравствени работници, информираат од Министерството за здравство, откако некои медиуми објевија дека нема инфектолози во болницата..

Од Министерството информираат и дека моментално нема дефицит на персонал во болницата.






„Министерството за здравство е во постојана комуникација со болницата во Дебар и доколку се појави недостаток на лекари или персонал – итно ќе биде испратен од околните болници или од клиниките во Скопје“, се наведува во соопштението.

Оттаму  апелираат да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции и посочуваат дека Министерството е на располагање за одговор на секое прашање во кое било време.

Поврзани содржини