МЗ: Намалена смртноста кај новороденчињата
Во 2016 година смтноста изнесувала 25%, во 2017 - 21%, во 2018 - 16%, додека во 2019 година 12%.
Според извештајот на Клиниката за гинекологија и акушерство на Одделението за интензивна нега и терапија, каде што се третитраат предвреме родени бебиња годинава се бележи значителен пад на смртност кај новороденчиња, лекувани на одделението за интензивна нега и терапија, информира Министерството за здравство.
Податоците покажуваат дека годинава починале 10%, од вкупно третираните бебиња на одделението за интензивна нега и терапија. Во 2016 година смтноста изнесувала 25%, во 2017 – 21%, во 2018 – 16%, додека во 2019 година 12%.
– Намалувањето на смртноста во перинаталниот период, се должи на големите вложувања што се направени во изминатите 3 години во овој сегмент од здравството – во опрема, едукација и проширување на стручните тимови на одделението за интензивна нега на Гинеколошки-акушерската клиника – велат од МЗ.
Министерството за здравство информира и дека земјава е рангирана меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на смртност кај новороденчиња, според извештајот на УНИЦЕФ.