MyIute – нова мобилна апликација за брзо и лесно аплицирање за кредит
Услугата и финансиите се достапни 24/7.
Следејќи ги најновите светски трендови за дигитализација на личните финансии, ИутеКредит Македонија ја лансираше мобилната апликација MyIute која обезбедува врвно корисничко искуство и достапност до финансии 24/7.
– Со ова го олеснуваме начинот на аплицирање за кредит бидејќи сега имаме целосно дигитално решение кое овозможува најбрзо да дојдете до потребните финансиски средства со само неколку кликови од вашиот телефон – велат од ИутеКредит.
Отсега преку MyIute корисниците ќе можат брзо и лесно да аплицираат за кредит, да ги прикачат сите потребни документи онлајн и во истиот момент да ги добијат парите на својата сметка.
Сето тоа може да се направи онлајн и од каде било – без никакви процедури и потреба од физичко присуство, туку директно од мобилен телефон!