МВР: Жичаната ограда не се поставува од македонска страна
Од МВР за ова прашање за повеќе информации упатуваат на Амбасадата на Република Србија во нашата држава.
Поставувањето жичана ограда е на територијата на Република Србија, не и на територијата на нашата држава, информираа МВР, откако беше објавено дека на границата на Србија со земјава кај Прешево, почнало поставување жичана ограда, која би требало да оневозможи евентуални масовни илегални преминувања.
Од МВР за ова прашање за повеќе информации упатуваат на Амбасадата на Република Србија во нашата држава.
Инаку, Радио Слободна Европа објави за поставувањето жичана ограда на границата, повикувајќи се на информации од локалната самоуправа во Прешево.