МВР ЗАПЛЕНИ ДРОГА ВРЕДНА ОКОЛУ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА Приведената учителка предавала во ОУ „Александар Македонски“ во Аеродром (ВИДЕО)
Портпаролот на МВР откри дека се пронајдени околу 7 килограми амфетамин, околу 1 килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, автоматска пушка „калашников“, рамки за пиштоли и автоматска пушка, куршуми од различен калибар, списоци од лица коишто купувале дрога, како и од лица коишто должеле за купените наркотици. Запленети се и четири возила кои биле употребувани за продажба, како и пари добиени од продажбата.должеле за купените наркотици, четири возила кои биле употребувани за продажба, како и пари добиени од продажбата.
Учителка од основното училиште „Александар Македонски“ во скопската населба Аеродром е меѓу петте лица кои полицијата ги приведе во вчерашната акција за сузбивање на криминална група која продавала наркотични средства.
– Вчера беше извршен претрес на седум локации, при што беа приведени пет лица, а беше пронајдена и лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога вредна скоро половина милион евра, доколку биде продавана преку уличните дилери. Претходно исто така биле приведени уште три лица кои биле поврзани со оваа криминална група – рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
Портпаролот на МВР откри дека се пронајдени околу 7 килограми амфетамин, околу 1 килограм кокаин, околу 22 килограми марихуана, автоматска пушка „калашников“, рамки за пиштоли и автоматска пушка, куршуми од различен калибар, списоци од лица коишто купувале дрога, како и од лица коишто должеле за купените наркотици. Запленети се и четири возила кои биле употребувани за продажба, како и пари добиени од продажбата.
– Приведените лица на улиците на Скопје подолго време продавале од синтетичката дрога – амфетамин, како и други дроги. Лицата имале изнајмено станови во центарот на Скопје, како и во населбата Ѓорче Петров, а дрогата ја продавале по различна цена. Грам амфетамин чинел 2.000 денари, грам кокаин се продавал по цена од 3.000 денари, екстази за 600 денари за таблетка, а пакување марихуана за 1.000 денари – рече Ангеловски.
Тој потенцира дека вакви акции МВР спроведува и во останатите градови во државата.
– Од почетокот на оваа недела имаме извршено 36 претреси и приведени 32 лица кои се занимаваат со продажба на дрога. И во наредниот период интензивно продолжуваме на сузбивање на оваа појава во интерес на граѓаните – додаде портпаролот на МВР.
Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил утрово напиша дека вчера МВР привела наставник кој подолго време работи во основното училиште „Александар Македонски“.
„Процесот на социјализација и едукација на децата не смее да се поврзува или да биде обременет со каква било нелегална активност која е во спротивност со законот. Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот“, напиша Муцунски.
МЕЃУ ФАТЕНИТЕ ДИЛЕРИ СО АМФЕТАМИНИ И УЧИТЕЛКА ВО ОСНОВНО!? Полицијата разби нарко-мрежа