МВР за Плусинфо: Ќе побараме меѓународна потерница за Мијалков

Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница  - велат од МВР

704

Од Министерството за Плусинфо велат дека ќе побараат да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница. Во моментов за него има национална потерница.

– Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање. Распишана е национална потерница. Бидејќи од досега преземените мерки и активности лицето не е пронајдено, ќе го известиме судот и ќе побараме да биде издадена наредба за распишување на меѓународна потерница  – велат од МВР за Плусинфо.






За потсетување, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како Таргет-тврдина, заради постоење на сомнение за евентуално бегство, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Во однос на сите медиумски прашања, судот во текот на вчерашниот ден, имајќи ја предвид итноста на постапувањето и почитувајќи ги надлежностите на Јавниот обвинител и МВР, не ги коментираше шпекулациите и непотврдените информации во однос на постапката се со цел на наштети на истата, за што бараме разбирање од новинарите – се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Поврзани содржини