МВР за инцидентот во Тетово: Внатрешната контрола работи на расчистување на случајот

Предмалку, од СВР Тетово соопштија дека во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавен инцидент помеѓу двајца полициски службеници, по што е започната истрага од страна на службата за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи.

398

Во Министерството за внатрешни работи е пријавен инцидент што се случил попладнето во Тетово и  по него постапува внатрешната контрола на МВР.

– Денеска во 15:55 часот  е пријавен инцидент на улица „120“ во близина со крстосницата со улица „Борис Кидрич“ во Тетово. Информиран е одделот за внатрешна контрола и се работи на расчистување на случајот – изјави за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски, без да прецизира детали за учесниците во инцидентот.






Како што објавија неколку медиуми, вработен во МВР, го нападнал началникот на единицата за безбедност на сообраќај во Тетово, а инцидентот го снимале граѓани кои седеле во кафуле во близина на  крстосницата.

Предмалку, од СВР Тетово соопштија дека во Секторот за внатрешни работи Тетово е пријавен инцидент помеѓу двајца полициски службеници, по што е започната истрага од страна на службата за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи.

 

Поврзани содржини