МВР ВО БОРБА СО ДИЛЕРИ СО ДРОГА Во Скопје уапсени 5 улични дилери

Од МВР, посочуваат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

229

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје вчера и денеска преземаа акција за откривање и сузбивање на улични дилери со дрога при што лишени до слобода се пет лица.

Како што информираат од МВР, на подрачјето на Аеродром е лишен од слобода Т. Ј. (31) од Скопје затоа што по извршен претрес по издадена судска наредба во неговиот дом се пронајдени марихуана и две дигитални ваги, на подрачје на Карпош се лишени од слобода Б. Т. (50) и Д. Т. (50) двајцата од Скопје затоа што кај Д. Т.  се пронајдени марихуана и прашкаста материја и на подрачје на Карпош се лишени од слобода И. П. (32) и М. Д. (37) двајцата од Скопје затоа што по извршен претрес по издадена судска наредба во домот на М.Д. е пронајдена марихуана.






Од МВР, посочуваат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани содржини