МВР: Уапсени осум терористи во акција во Скопје и Куманово ВИДЕО

739

Осум лица се уапсени во акција на полицијата и агенцијата за национална безбедност осомничени дека се членови на терористичка организација.

Во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на неколку локации во Скопје и Куманово.






Станува збор за лица кои се директно поврзани со групата која претходно беше уапсена во Куманово.

Терористичката организација ја создал кумановецот кој претходно беше уапсен, врз основа на идеолошката матрица на Исис сите осомничени набавувале оружје и муниција со цел извршување на убиства и уништување на јавни објекти со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните.

– На 27.12.2020 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесена е кривична пријава против Б.Ф. (32), Б.Г. (27) и Ј.К. (25) од Скопје и И.М. (22), Д.А. (21, ) Р.А. (31), С.И. (31) и А.С. (21) од Куманово за сторено кривично дело „терористичка организација“ предвидено и казниво по член 394-а став 2 од Кривичниот законик. Имено, Б.А. од Куманово создал терористичка организација во која покрај претходно притворените В.А. и Е.Љ. членувале и сега приведените врз основи на идеолошката матрица на терористичка организација ИСИС за извршување на убиства и уништување на јавни објекти со намера да се создаде чувство на несигурност или страв кај граѓаните. За остварување на таа намера членовите на групата преземале повеќе подготвителни дејствија, обезбедувале финансиски средства и набавиле оружје, муниција, воена опрема, изработиле импровизирани експлозивни направи и потоа изведувале пробни испалувања и активирање на импровизираните експлозивни направи и оружјето кое што го набавиле – се наведува во соопштението.

Оттаму соопштуваат дека членовите на терористичката група за меѓусебна комуникација претежно ја користеле интернет платформата „Whats App“ каде меѓудругото го договарале начинот на транспорт на оружје и начинот на изработка на самоубиствени појаси.

– Б.Ф. учествувал и во паравоени формации надвор од територијата на Република Северна Македонија, како припадник на терористичка организација ИСИС во Сирија. Исто така, пронајденото оружје и минско експлозивни средства на 27.08.2020 година во непосредна близина на м.в. Менкова колиба, Куманово, за кое на 31.08.2020 година кривично беа пријавени Б.А., В.А. и Е.Љ., според количината и намената укажува дека делувала повеќечлена терористичка организација, при што со дополнително собраните докази е утврдено дека постоела директна комуникација, претходен договор и знаење за превземените дејствија помеѓу сите членови на терористичката организација – информираат од МВР.

 

 

Поврзани содржини