МВР СО ПОРАКА ДО ВМРО-ДПМНЕ Престанете да ширите лаги за работењето на полицијата

Пласираат конструкции и лаги за да го нарушат угледот на полицијата. Но, фактите ги демантираат, реагираше МВР.

516

Локалните избори се целосно слободни и демократски, ВМРО-ДПМНЕ да престане да дезинформира заради партиски цели, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), откако портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски на денешната прес-конференција рече дека припадници на специјалната единица синоќа вршеле предизборен поткуп во повеќе градови низ Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ и вечерва, како што беше случај и во претходните неколку денови, продолжува да шири невистини за работењето на полицијата. Пласираат конструкции и лаги за да го нарушат угледот на полицијата. Но, фактите ги демантираат. МВР е гарант за сите слободни избори од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму. Апелираме, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја во недела, на вториот круг од локалните избори“, соопшти МВР.

Поврзани содржини