МВР со кривична за Тричковски – му се заканувал на Мицкоски преку Фејсбук

1,706

МВР поднело кривична пријава спрема  Бранко Тричковски, поради заканите кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изречени преку Фејсбук.

Како што соопштија денеска од полицијата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Oсновното јавно обвинителство–Скопје поднесе кривична пријава против Б.Т.(68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 ст.4 и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по чл.394-г од КЗ. Имено пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук на 13.04.2020 објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија.






 

Поврзани содржини