МВР со детали за растурената свадба во Глумово: Кривична за сопственикот на објектот, прекршочна за гостите без маска

477

Вчера вечерта полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Глумово – Сарај, а во објектот, сопственост на 35-годишниот Б.Ј. од с.Глумово, се одржувала свадба на која биле затекнати 250 лица, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени кривична пријава по чл.206, за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со ковид-19 и прекршочни платни налози по чл.6 од Уредбата на Владата на Република Македонија за неносење на лична заштита на лицето. Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус и санкционирање лица кои не ја почитуваат Уредбата за носење лична заштита на лицето“, соопштуваат од МВР.

Поврзани содржини