МВР СО АПЕЛ И ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА Овие улици денеска ќе бидат затворени
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека за време на ненајавените протести пред Собранието на Република Северна Македонија ќе бидат затворени за движење дел од улиците во Центарот.
– Денеска 14.07.2022 година (четврток), затворени за сообраќај се следниве улици: ул.“11-ти Октомври“ на потегот од бул.“Кочо Рацин“ до ул.“Димитрије Чуповски“ и ул.“Даме Груев“ на потегот од ул.“Македонија“ до ул.“11-ти Октомври“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници – информираат од МВР.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.