📽 МВР „СМЕЛО“ НА ПЛАДНЕ ГО ЗАТВОРИ ПУНКТОТ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ Ова е изживување врз народот, вели Стоилковски
Од снимката се гледа хаосот, но и изживувањето кое владата, Ковачевски и Спасовски го вршат врз народот. Во исто време порачуваат дека пасошите нема да важат по 12 февруари, и го затвораат пунктот! - напиша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на Фејсбук.
МВР на Оливер Спасовски „смело” на пладне ги затвори портите на пунктот за фотографирање, објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на Фејсбук, дополнувајќи ја објавата со видео снимено од граѓанин пред пунктот во полициската станица Пролет во Скопје.
„Од снимката се гледа хаосот, но и изживувањето кое владата, Ковачевски и Спасовски го вршат врз народот.
Во исто време порачуваат дека пасошите нема да важат по 12 февруари, и го затвораат пунктот!
Веројатно под исполнување на „најсмели соништа и цели”, Оливер Спасовски мислел на вадење лични документи во услови на затворени пунктови“ – напиша Стоилковски.