Скопјанецот И.А. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, казниво по член 396 од Кривичниот законик.
При извршен претрес во неговиот дом и во помошните простории на подрачјето на општина Чаир, кај пријавениот се пронајдени рамка од автоматска пушка со 30 куршуми 7,62×39мм, ловна пушка „Fabran“, пумпарица „SDASS“ калибар 12/76 мм, полуавтоматска пушка од југословенско производство калибар 7,62 мм и осум ловни патрони.
Денеска во координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, СВР Скопје – Одделение за недозволена трговија со оружје и експлозивни материи и Агенцијата за национална безбедност, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, лишен е од слобода И.А.(47) од Скопје.