Полициски службеници од СВР Скопје денеска (18.01.2021) му врачиле платен налог на пратеникот Мартин Костовски од СДСМ, кој го прекршил Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со тоа што зборувал на мобилен телефон додека го управувал своето возило на патот Куманово-Скопје, соопшти Министерсовото за внатрешни работи (МВР).
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта во Република Северна Македонија – наведуваат од МВР.