МВР санкционираше 10 „диви тркачи“, а двајца од нив се приведени

373

МВР во текот на вчерашниот ден спроведе акција за санкционирање на „диви тркачи“ кои организирале договорени трки на Скопската обиколница.

– Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна безбедност, во координација со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на 12.09.2020 спроведе акциска контрола против возачи на моторцикли кои учествуваат во т.н. „диви трки“ на подрачјето на град Скопје поточно на скопската обиколница – се вели во соопштението од МВР.






Оттаму додаваат дека притоа санкционирани се 10 возачи на моторцикли кај кои се констатирани низа прекршоци. Од нив двајца моторциклисти се приведени во Полициското одделение Петровец, а моторциклите ќе бидат упатени во Станица за технички преглед за понатамошна постапка.

Поврзани содржини