МВР потврди, Јордан Мијалков е повикан на информативен разговор во полиција

1,472

Јордан Мијалков, син на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков во моментов е на информативен разговор во полициската станица „Пролеќе“ потврдија за Плусинфо од МВР. На информативен  разговор се повикани членови на семејството на Мијалков, како и неговото обезбедување.

Јордан е повикан во полиција, бидејќи татко му Сашо Мијалков е недостапен од вчера попладне откако полицијата го бараше да му го врачи решението за куќен притвор.

Поврзани содржини