МВР попладнево го бара Мијалков со меѓународна потерница

728

Министерството за внатрешни работи, на својата веб страница во делот на потраги, попладнево ја ажурираше објавената потерница по поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, од национална во меѓународна потерница.

Како што објавивме претходно, МВР имаше распишано национална потерница по Мијалков, откако вчера попладне полицијата не успеа да го најде за да му врачи решение за куќен притвор поради постоење на основано сомневање дека сторил три кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување, злосторничко здружување и примање награда за противзаконито влијание.






Обинителството во завршните зборови во судскиот процес „Таргет-Тврдина“ побара максимална казна за Сашо Мијалков, а пресудата треба да биде објавена в петок, на 26 февруари.

 

Поврзани содржини