МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ Поранешниот министер за внатрешни осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување

Според пријавата, додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување Спасовски овозможил на правен субјект- технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од повеќе од 90.000 евра, односно 5.565.927 денари.

0

Министерството за внатрешни работи поднесе кривина пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според пријавата, додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување Спасовски овозможил на правен субјект- технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист во износ од повеќе од 90.000 евра, односно 5.565.927 денари.






„Пријавениот делото го сторил на начин што во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластување за технички преглед врз основа на предлог, доставен од надлежна организациска единица за граѓански работи“, соопшти МВР.

Според МВР, Спасовски не ја извршил својата службена должност иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот.

Поврзани содржини