МВР откри бункер во Скопје и заплени оружје и хероин

705

Три автоматски пушки, една снајперска пушка, два автоматски пиштоли со пригушувачи, рамки со муниција, една полуавтоматска пушка, оружје кое потекнува од кражба од продавницата за оружје, се пронајдени во Скопје.

Како што информираше МВР, оружјето вечера било пронајдено во бункери, а денеска при пребарување на теренот во специјално направен бункер биле пронајдени 2,5 килограми хероин.






– Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција во координација со СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога синоќа и денеска со наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1, презеде мерки и активности на локација на ул. Алпи во Скопје и во специјално направени бункери пронајде повеќе видови оружје – се наведува во соопштението на полицијата.

Поврзани содржини