МВР објави детали за вчерашното убиство
Непознати сторители пукале во паркираниот „голф“, при што едно лице починало, а друго е со тешки телесни повреди.
Министерството за внатрешни работи утринава објави детали во врска со убиството кое вчеравечерта се случи во скопската населба Бутел.
– На 12.05.2021 околу 21.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на подрачјето на Чаир, каде било паркирано патничко возило „фолксваген голф 7“, со скопски регистарски ознаки, а во кое биле возачот Л.П. (24) од Скопје и сопатникот К.И. (43) од Скопје, неколку лица со огнено оружје испукале проектили кон возилото. К.И. починал на самото место, а Л.П. бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а возилото е запечатено и пренесено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се вели во соопштението од МВР.