МВР НЕ ДОЗВОЛУВА НЕЗАКОНСКО ПОСТАПУВАЊЕ На случајот со Димитриевски работи Одделот за внатрешна контрола

Кандидатот за градоначалник на Куманово денеска, според негово убедување, бил незакоснки запрен и третиран од полицијата додека со восило сакал да стигне на лекарски третман

1,023

Министерството за внатрешни работи го активира Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди да го расчисти денешниот случај во кој беше запрено возилото на кандидатот за градоначалник на Куманово Максим Димитриевски.

МВР, се вели до соопштението, нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата.






„Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот. МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата“,  се вели во соопштението на МВР.

Кандидатот за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска со виидео објавено на Фејсбук соопшти како е запрено возилото во кое е тој и неговиот син. Тој информира дека полицајците не му кажале поради која причина е запрен и каде го водат потоа, но рече дека најверојатно го водат на технички преглед на возилото.

Тој, како што соопшти, требало да оди на здравствен третман и се пожали дека полицијата не се однесувала законски за време на случката.

Поврзани содржини