СЕ РАЗБУДИ СКОПСКАТА ПОЛИЦИЈА Оружје и дрога пронајдено кај 4 лица, сите се зад решетки

Засиленото полициско присуство во Скопје ќе продолжи и во следните денови, најавуваат од полицијата. Оваа специјална акција за безбедноста на градот беше најавена пред два дена од министерот Панче Тошковски.

512

Скопската полиција вчера и денеска приведе 4 лица, во рамките на засилените активности за безбедно Скопје. Две од лицата поседувале наркотици, а другите двајца имале оружје без дозвола.

„На 25 и 26 август 2024 година, полициски службеници од СВР Скопје ги зголемија мерките за безбедност на градот. Во оваа акција беа проверени 85 лица на повеќе од 20 локации, како и 38 автомобили и три мотоцикли,“ информираа од полицијата.






Засиленото полициско присуство во Скопје ќе продолжи и во следните денови, најавуваат од полицијата. Оваа специјална акција за безбедноста на градот беше најавена пред два дена од министерот Панче Тошковски.

Според досегашните активности, полицијата приведе вкупно 6 лица кои поседувале наркотични средства, 5 кои имале оружје без дозвола, како и едно лице барано со судска наредба.

Поврзани содржини