МВР им се намерачи на мотоциклистите, во Велес казнети 27

257

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес во периодот од 18 часот на 18.09. до 3 часот на 19.09.2020 на територијата на Велес  спроведоа акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли, информира МВР.

– Притоа санкционирани се 27 возачи на мотоцикли кај кои се констатирани низа прекршоци.  Истовремено, откриени се и законски санкционирани и 18 други прекршоци. Покрај во Велес, како што веќе информиравме, во текот на изминатото деноноќие во Скопје беа санкционирани 384 учесници во сообраќајот, а Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. – велат од МВР.

 

Поврзани содржини