МВР ГО ПОТВРДИ НАПАДОТ ВРЗ БОЖИНОВСКИ „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“
На ул.„Кочо Рацин“ во Битола З.Б. бил физички нападнат од неколку лица, се вели во информацијата од МВР.
„На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин“ во Битола нејзиниот сопруг З.Б. бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ – соопшти МВР на барање на Плусинфо во врска со нападот врз новинарот Зоран Божиновски.
Други детали не се наведени во информацијата од МВР.
Како што претходно објави Плусинфо, новинарот Божиновски, сопственик на порталот „Буревесник“, бил претепан од две маскирани лица синоќа во Битола и со повреди бил пренесен во битолската болница. На новинарот му се нанесени тешки телесни повреди, скршен нос и хематоми на главата.